симпатизира (св. и несв.)
Впрочем, тие го знаеле неговиот став и нивното евентуално среќавање можело да има само информативен карактер, Делчев, колку и да симпатизирал на нивната акција, бил револуционер кој ослободувањето го очекувал од свесната акција на широките обесправени маси и сѐ што правел на револуционерен план секогаш првенствено ги имал на ум интересите на Организација.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во разговорот со кореспондентот на “Манчестер Гардијан“, тој иронично го прашал:150 „Дали, господине, европскиот или одделно францускиот печат, и по настаните во Солун, ќе ги симпатизира комитетите, коишто на Французите особено им се заблагодариле запалувајќи им го паробродот во солунското пристаниште?“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)